Во периодот од 22 до 24 ноември двајца студенти претставници од Земјоделски факултет, Сашо Арсов и Цветан Стојков - студенти од трета година, беа на работниот состанок кој се одржа во Бања Лука.
Повеќе...Теренската настава е реализирана со студентите на Земјоделски факултет, насока Градинарство (VII семестар) од Струмица, како дел од наставата по предметот Практична настава во градинарството под менторство на проф. д-р Фиданка Трајкова.
Повеќе...На Земјоделски факултет продолжуваат посетите и предавањата на професори од други универзитети во рамките на програмата ЕРАЗМУС. Во периодот од 28 октомври до 1 ноември од Тракискиот универзитет во Стара Загора во посета на Земјоделски факултет и производниот центар УНИ СЕРВИС агро беа доц. д-р Антонија Стојанова, гл. ас. д-р Митко Георгиев и гл. ас. д-р Елица Влкова.
Повеќе...Во чест на настанот МЛАДО ВИНО, на 21 ноември, во просториите на Земјоделски факултет во Наставен центар Кавадарци се одржа дегустација и оценување на млади вина произведени во домашни услови – семејни винарии.
Повеќе...Д-р Дарио Данојевиќ од Одделението за градинарство при Институтот за поледелство и градинарство во Нови Сад, Србија, беше гостин-предавач на студентите од четврта година и апсолвентите на насоката Градинарство на Земјоделскиот факултет во Струмица.
Повеќе...Продолжуваат теренските активности предвидени за студентите на прв циклус студии. На ден 24 октомври студентите од VII семестар на студиската програма Поледелство, во рамките на теренската настава по предметот Основи на поледелството, имаа можност да го посетат земјоделскиот комбинат во Овче Поле, (Полјоделство - Ерџелија).
Повеќе...