Во периодот од 21 до 25 мај, 15 студенти под менторство на Проф. д-р Емилија Арсов, Проф. д-р Лилјана Колева – Гудева и Проф. д-р Фиданка Трајкова, земаа учество на студентскиот натпревар со научен и спортски карактер Агрономијада 2022 г. кој се одржа по 59 пат, а Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, го зема своето второ учество.
На настанот учествуваа повеќе од 20 факултети од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Македонија.
Студентскиот научно-спортски натпревар Агрономија 2022 г. заврши многу успешно за нашите студенти претставници од Земјоделски факултет.
Честитки и благодарност до сите наши студенти за учеството.
Натпреварот го затворивме со следниве добиени дипломи:
- Тамара Јанева, студент од 4-та година за освоено 3 место за презентација на научен труд и 1 место во квизот на знаење од областа на сточарството;
- Мери Мастева, студент од 2-ра година за освоено 1 место во квизот на знаење од областа на аграрната економија;
- Кристина Митревска, студент од 3-та година за освоено 1 место во квизот на знаење од областа на градинарство и поледелство;
- Афродита Волческа, студент од 1-ва година за освоено 2 место во квизот на знаење од областа на овоштарство и лозарство.