Земјоделскиот факултет е посветен на високообразовна и научноистражувачка дејност во областа на заштитата на растенијата, полјоделството, биотехнологијата, безбедноста на храната, селекцијата и генетиката, градинарството, како и лозарство и винарство.
Земјоделскиот факултет има клучна улога во обезбедувањето на знаење и обука за идните инженери агрономи во областа на земјоделските науки. Овој факултет не само што ја подготвува идната работна сила која ќе ја поддржува земјоделската индустрија, туку и игра централна улога во одржливото управување со природните ресурси и подобрување на производствените процеси во земјоделството.
На Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се реализираат академски студии од прв циклус (додипломски студии), втор циклус (постдипломски студии) и трет циклус (докторски студии).
Универзитетот „Гоце Делчев“ претставува реномирана институција во областа на високото образование, која преку понудените современи студиски програми на различни факултети обезбедува квалитетно образование и привлекува голем број студенти од Македонија, но и од странство.
Секоја студиска година Универзитетот врши упис на студенти на единиците на Универзитетот во прв циклус на универзитетски и професионални студии.
Универзитетот традиционално секоја година доделува и стипендии во вид на ослободување од плаќање на партиципација за првата година од студиите за најдобро рангираните кандидати на секој факултет.
Име и презиме: Цветан Стојков
Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, Студиска програма Фитомедицина – заштита на растенијата
...Име и презиме: Елена Андонова
Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, Универзитетска студиска програма Биологија.
...