Студентите од трета и четврта година на студиските програми Енологија и Лозарство и винарство од Наставен центар Кавадарци, под менторство на проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос, присуствуваа на Семинар со стручни предавања од енолошката пракса, кој се одржа на 18 април 2024 г. во ресторанот на винарската визба „CHATEAU SOPOT“.

Семинарот беше организиран од реномираната француска фирма „REVIN“, во соработка со фирмата „Винар консалтинг“, а предавачи беа експерти од Франција и од Србија. На предавањата студентите се запознаа со три теми од областа на енологијата, вклучувајќи опрема за прием и преработка на грозје, алтернативи од даб и микрооксигенација при производство на вино и вински дестилати.

За време на семинарот, студентите дегустираа голем број на македонски и француски бели и црвени вина од различни сорти. Вината беа произведени со додаток на различни дабови алтернативи и беше извршена нивна сензорна оценка и утврдување на вино со најдобар квалитет. Освен тоа, студентите дегустираа и јаки алкохолни пијалаци, вклучувајќи овошни и лозови ракии зреени во присуство на дабови алтернативи.

Присуството на овој семинар им овозможи на студентите проширување на своите знаење од областа енологија, сензорната анализа и производството на вино и алкохолни пијалаци, како и запознавање со стручни лица од областа на винарството во Македонија.

 

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.