Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип има цврста мисија да создава високостручен и научен кадар од областа на земјоделието, преку своите акредитирани и препознатливи студиски програми.

Со цел високото образование на нашиот факултет да биде во согласност со европските и со светските критериуми, создадовме програмски содржини по најнов принцип, креирани според потребите на пазарот на трудот во државата и во регионот.

Наставните програми се усогласени со вашиот млад дух и потребата од повеќе слободно време и се приспособени на Болоњската декларација и Европскиот кредит-трансфер систем.

Земјоделскиот факултет им ја дава можноста на нашите студенти да се школуваат во своите или блиску до своите родни места, во Наставните центри во Штип, Струмица и  Кавадарци.
Целите на Земјоделскиот факултет се базирани на долгогодишното искуство и богатата традиција на нашето македонско земјоделско производство, па оттука разбирливо е таа богата традиција да продолжиме да ја негуваме и збогатуваме преку конкретни едукативни и истражувачки активности.

 

Почитувани наши сегашни и идни студенти, бидете уверени дека преку квалитетот на наставата и теренските истражувања, Вие ќе бидете идните дипломирани инженери агрономи, лидери во унапредувањето и креирањето на современото македонско земјоделство.

Да чекориме заедно кон нови повисоки и повозвишени цели, нови предизвици, желни за повеќе знаење, поголема моќ, посветла иднина и просперитет на современото македонско земјоделското производство!

Го направивте најдобриот избор со запишувањето на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, ви посакуваме топло добредојде на нашиот факултет, а воедно ви го честитаме академскиот статус и ви пожелуваме успешни студии.

Технички секретар

Благица Јаневска
Тел: +389 32 550 764
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.