Во периодот од 19 до 23 април 2024 година, проф. д-р Виолета Димовска беше на студиска посета во регионот Бароло, Италија, на тема „Практики за одржливо производство на грозје и вино“.
Оваа студиска посета беше реализирана во рамките на проектот „Воведување на географски индикации за грозје и вино“, во организација од Германската меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIS) GmbH), Здружението „Македонски семејни винарии и вина“ од Македонија (ВОМ).
Студиската посета беше реализирана во лозовите насади и во винариите со следните активности:
- Запознавање и презентација на најдобри практики за заштита на лозовите насади од град и глобалните климатските промени;
- Практики за одржливо производство на грозје: системи на одгледување, агротехнички мерки со посебен акцент на зелените резидби за регулирање на приносот и производство на квалитетно грозје од доминантната сорта небиоло во географската индикација областа Бароло;
- Организација, функционирање и улогата на кооперативите во одржувањето на лозовите насади;
- Начините на соработка и функционирање на винариите во Италија за географски индикации за небиоло сортата во регионот Бароло и компарација со сортата вранец во тиквешкото виногорје во РС Македонија;
- Посета на 4 винарии каде што беа презентирани задолжителните практики за производство на вина со географската индикација Бароло од сортата небиоло.
Искуствата од оваа студиска посета треба да помогнат во имплементација за воведување на географски индикации за грозје и вино во нашата држава.