Во рамки на CEEPUS мрежата Teaching and Learning Bioanalysis, во која е вклучен Земјоделскиот факултет, проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос, која воедно е и локален координатор на мрежата за Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип, реализираше студиски престој на Одделот за хемија при Универзитетот во Варшава, Полска, во периодот од 2 до 10 април 2024 година.
За време на престојот, проф. Иванова-Петропулос одржа предавања на студенти од прв и втор циклус студии, оствари средби со професори од Одделот за хемија и спроведе научно истражување во Лабораторијата за високоефикасна течна хроматографија со масена спектроскопија (HPLC-QTrap-ESI-MS).