Во изминативе седумнаесет години образовните, научноистражувачките и апликативните активности на Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип дадоа голем придонес за развој на земјоделскиот сектор во Република Северна Македонија и поширокиот регион.
Земјоделскиот факултет го организира IV Mеѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса“ (АНП 2024), давајќи им можност на учесниците да презентираат и дискутираат за оригинални научни и практични резултати во различни полиња на земјоделството.
IV Меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса“ (АНП 2024) е организирано со намера да ги обедини сите релевантни фактори од земјоделскиот сектор за споделување на нивното знаење, искуство и проблеми. Една од главните цели е да се направи мост и да се овозможи силна комуникација помеѓу научноистражувачката и практичната работа во земјоделскиот сектор, како во нашата земја, регионот, така и пошироко, со што ќе се добие меѓународна димензија.
Главна цел на Советувањето е да се поврзат и промовираат научните достигнувања и практичните знаења во актуелните тематски области.
Со голема чест и задоволство ве покануваме активно да учествувате на Советувањето.
Ве молиме регистрирајте се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со испраќање на Формуларот за регистрација и апстракт. Со една котизација можат да пријават најмногу два постери за едно лице како прв автор.
Registration form & Abstract_2024.docx
ВАЖНИ ДАТУМИ |
|
НАСТАН | ДАТУМ |
Прво соопштение и повик за апстракти |
април 2024 г. |
Краен рок за поднесување на апстракти |
10 мај 2024 г. |
Известување за прифаќање на апстракт |
20 мај 2024 г. |
Регистрација на учесници |
тековно |
Одржување на Советувањето |
13 јуни 2024 г. |
Повеќе детали на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.