Студентите од четврта година на Земјоделскиот факултет, на студиската програма Енологија, од Наставен центар Кавадарци, во рамките на редовните наставни активности, на 19.12.2021 год. реализираа практична настава по предметите Основи на енологија и Производство на вино, под менторство на проф. д-р Виолета Иванова Петропулос.
Практичната настава се одржа во Кавадарци, во фирмата „Винар Консалтинг“, специјализирана фирма за енолошки средства и винарска опрема и во семејната винарска визба „Попови“.
Во „Винар Консалтинг“ студентите се запознаа со основните енолошки средства и репроматеријали кои се користат при винификација, како и со основната винарска опрема неопходна за преработка на грозје и производство на вино. Во винарската визба „Попови“, на студентите им беа презентирани основните принципи на производство на вино од црвени и бели сорти, препознатливи за визбата, со примена на класични методи на винификација, како и со производство на „барик“ вина и органски вина. Студентите учествуваа на дегустација на вина од визбата, запознавајќи ги основните правила за сензорно оценување на вино и опишување на сензорните карактеристики на вината.