Посета на Институтот СУПЕРЛАБ во Белград и обука на тема: „Употреба на хибриден систем за определување на ниски концентрации на арсен и жива во различни примероци со ICP OES техника“.
INSTITUT SUPERLAB е лабораторија акредитирана според стандардот SRPS ISO / IEC 17025 од телото за акредитација на Србија а овластен од Министерството за земјоделство со решение бр. 323-06-05118 / 2013-05 и Министерството за здравство со решение бр. 512-01-118 / 2012-10 за микробиолошко и хемиско тестирање на безбедноста на храната и водата за пиење. Лабораторијата е опремена со најсовремена опрема за анализа: LC/MS/MS GC/MS, ICP-MS, ICP-ОЕЅ и др.
УНИЛАБ лабораторијата која располага со ваква најсовремена лабораториска опрема, инвестира освен во инфраструктура и во постојани обуки. Вработените во УНИЛАБ лабораторијата од Земјоделски факултет, секоја година посетуваат обуки во други лаборатории, поврзани со методологија на работа – компарација на веќе имплементираните методи и обука за нови.
На покана на фирмата ХИПОМЕД од Скопје, на ден 05 октомври беше организирана посета на работилница во лабораторијата СУПЕРЛАБ, на тема: „Употреба на хибриден систем за определување на ниски концентрации на арсен и жива во различни примероци со ICP OES техника“. На работилницата се споделија искуства од работата во нашата лабораторија и во СУПЕРЛАБ лабораторијата, во врска со методологијата на работа на ICP OES.