Во рамките на ЕРАЗМУС програмата и договорот за соработка помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Средното хемиско училиште во Пардубице, Република Чешка, во периодот од почетокот на март до крајот на месец мај, двајца студенти ќе бидат на практична настава во УНИЛАБ лабораторијата при Земјоделскиот факултет.
Повеќе...Студентите на студиска програма Енологија, од Наставен центар Кавадарци, во рамките на редовните наставни активности реализираа и практична настава по предметот Основи на енологија, под менторство на проф. д-р Виолета Иванова Петропулос.
Повеќе...Во чест на настанот МЛАДО ВИНО, на 21 ноември, во просториите на Земјоделски факултет во Наставен центар Кавадарци се одржа дегустација и оценување на млади вина произведени во домашни услови – семејни винарии.
Повеќе...На покана од „Институт за ратарство и повртарство“ - Институт од национално значење за Република Србија, од Нови Сад, во име на програмскиот одбор и во име на директорката д-р Светлана Балешевиђ Тубиђ, деканот на Земјоделскиот факултет при УГД Штип, учествуваше на 54-то Советување за агрономи и земјоделски производители во Република Србија, одржано на Златибор.
Повеќе...Во периодот од 22 до 24 ноември двајца студенти претставници од Земјоделски факултет, Сашо Арсов и Цветан Стојков - студенти од трета година, беа на работниот состанок кој се одржа во Бања Лука.
Повеќе...Теренската настава е реализирана со студентите на Земјоделски факултет, насока Градинарство (VII семестар) од Струмица, како дел од наставата по предметот Практична настава во градинарството под менторство на проф. д-р Фиданка Трајкова.
Повеќе...