Студентите на студиска програма Енологија, од Наставен центар Кавадарци, во рамките на редовните наставни активности реализираа и практична настава по предметот Основи на енологија, под менторство на проф. д-р Виолета Иванова Петропулос.
Практичната настава се одржа во винарската визба „Ерос“ во с. Марена, Кавадарци. Студентите се запознаа со основните принципи на производство на вино од различни црвени и бели сорти, препознатливи за винарската визба.
Освен вино, на студентите им беа презентирани и други прозводи од грозје што ги произведува визбата, како што се маџун и гроздов сок. Беше извршена сензорна анализа на неколку типови вино, при што студентите беа запознаени со основните правила за сензорно оценување на вино и опишување на сензорните карактеристики на вината.