Во периодот од 22 до 24 ноември двајца студенти претставници од Земјоделски факултет, Сашо Арсов и Цветан Стојков - студенти од трета година, беа на работниот состанок кој се одржа во Бања Лука.
Состанокот беше организиран со цел студентите да го дефинираат Статутот на Агрономијада 2020, условите, критериумите и местото на одржување на следната Агрономијада.
Едногласно студентите се сложија следната Агрономијада 2020 да биде во Република Бугарија, на Сончев брег, во периодот од 14 до 18 мај 2020 г. Воедно, ова е првиот отворен повик до сите наши студенти на Земјоделски факултет да се пријавуваат за учество на Агрономијада 2020.
Дополнителни информации на контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.