По покана на Институтот за поледелство и градинарство во Нови Сад, на 6 септември се одржа традиционалниот настан Ден на полето - Есен 2019.
Претставници од Земјоделскиот факултет учествуваа на овој настан, на кој имаше околу 2000 учесници. Главна цел на настанот беше презентација на резултатите од повеќедецениската работа на научната институција во областа на создавање на нови сорти и хибриди од градинарски и поледелски култури.
На овогодишниот Ден на полето особено беа претставени опитните површини под соја, пченка и сончоглед – различни хибриди и нивните приноси.
Настанот се одржува два пати во годината (мај и септември) и студентите од Земјоделски факултет имаат можност да присуствуваат на истиот.
Продолжува соработката меѓу Земјоделскиот факултет и Институтот за поледелство и градинарство со следни проектни активности, практична обука на студентите, како и посета на визитинг професори од Институтот на Земјоделскиот факултет.