На покана од „Институт за ратарство и повртарство“ - Институт од национално значење за Република Србија, од Нови Сад, во име на програмскиот одбор и во име на директорката д-р Светлана Балешевиђ Тубиђ, деканот на Земјоделскиот факултет при УГД Штип, учествуваше на 54-то Советување за агрономи и земјоделски производители во Република Србија, одржано на Златибор.
Ова Советување има масовна посетеност, и оваа година биле регистрирани повеќе од 1300 учесника.
Проф. д-р Љупчо Михајлов, на 27 јануари, првиот ден од одржување на Советувањето, одржа пленарно предавање под наслов: „ПРВА ДИРЕКТНА СЕИДБА НА ЖИТАРКИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – ПРЕДИЗВИК И ДИЛЕМА“
Во текот на следните 2 дена од советувањето, деканот на Земјоделскиот факултет при УГД Штип, Проф. д-р Љупчо Михајлов активно учествуваше во панел дискусиите кои беа организирани во текот на советувањето.