Теренската настава е реализирана со студентите на Земјоделски факултет, насока Градинарство (VII семестар) од Струмица, како дел од наставата по предметот Практична настава во градинарството под менторство на проф. д-р Фиданка Трајкова.

Невообичаеното топло време во октомври и во ноември 2019 г. и продолжувањето на вегетациската сезона беше искористено за посета на две семејни стопанства што се занимаваат со производство на градинарски култури, главно во заштитен простор во околината на Струмица. Исто така, беше посетена компанијата АД „Оранжерии“ во с. Хамзали, Струмичко.

Во текот на посетата на производните површини студентите се запознаа со асортиментот на производите, агротехничките мерки што се практикуваат во производството за специфичните култури, проблемите со болести и штетници, како и справувањето со нив и пласманот на градинарските производи. Сите информации добиени на терен се запишани и ќе следува нивна обработка во текот на теоретскиот дел од наставата и споредба на трите производители, со анализа на нивните силни и слаби страни, како и евентуални препораки за подобрување на производството.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.