На 29 и 30 ноември, во Ресен, во соработка со Федерацијата на фармерите на Република Македонија, Земјоделскиот факултет спроведе работилници на тема „Економски алтернативи за земјоделците во Преспа“.
Повеќе...Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип сѐ повеќе ги вклучува студентите во проекти кои се реализираат, со што од една страна тие можат да се здобијат и со повеќе знаења, пракса, и да се стекнат со искуства во научноистражувачката работа, но и да се почувствуваат рамноправни и блиски со наставничкиот кадар на факултетот.
Повеќе...Во периодот од 25 до 29 септември на Земјоделскиот факултет во рамките на програмата Еразмус плус, проф. д-р Ганка Чанева од Биолошкиот факултет при Софискиот универзитет одржа предавање од областа на физиологија на растенијата.
Повеќе...Студентите на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ значаен дел од своите студии ги минуваат во практична настава, која се одржува на терен, каде што имаат можност да се запознаат со реалните услови во земјоделието.
Повеќе...Во рамките на програмата DAAD (DAAD – German Academic Exchange Service) во Белград беше организирана работна средба за вмрежување и соработка со други научноистражувачки и високообразовни центри од Балканот, во периодот од 28 до 29 септември.
Повеќе...Според распоредот за одржување на првиот академски час во дисперзираните наставни центри, на 18 септември (понеделник) со почеток во 11 часот на дисперзиите на Земјоделскиот факултет започна новата академска година.
Повеќе...