Посета на професори од Карнобат во рамките на деловно-техничката соработка со Земјоделскиот факултет
Проф. д-р Драгомир Влчев и проф. д-р Дарина Влчева во периодот од 2 до 5 септември беа во работна посета на Земјоделскиот факултет.
Тие со проф. д-р Верица Илиева од Катедрата за растително производство на површините под ориз во Кочанскиот регион теренски испитуваа неколку значајни параметри:
- Метод на осветлување на посевот и албедо - со мерач на светлина Extech;
- Влажност надвор и внатре во културата - со хидрометар Extechech;
- Површинска и внатрешна температура - со термометри Oakton и Extech;
- Температура на почвата 30 cm длабоко во културата - користејќи термометар на почвата ColeParmer;
- Нормализиран индекс на вегетација (NDVI) – со Greenseeker;
- Содржина на хлорофил и азот во лисјата - со тестер на растителни хранливи материи.
Оваа повеќегодишна соработка со колегите од Бугарија продолжува и понатаму преку проектни активности, визитинг предавања кај нас, како и посети на отворени денови со студенти и кратки курсеви и обуки во Институтот за земјоделие во Карнобат.