Студентите на Земјоделскиот факултет од Наставен центар - Штип продолжуваат со теренските активности. Дел од студентите учествуваа во поставување на експеримент со новоинтродуирани сорти ориз од Италија.
Ова е одлична можност студентите дополнително да се запознаат преку практично поставување на опитот како се спроведуваат меѓусортни испитувања пред да се одобрат најдобрите сорти за комерцијалното производство.
Експериментот беше поставен на површините на фирмата „БМФ Грдовци“ во Грдовци, Кочанско, со која Земјоделскиот факултет има долгогодишен договор за соработка и договор за реализирање на практичната настава.
Ова е само првата фаза од оризопроизводство, студентите ќе продолжат понатаму да го следат оризот сѐ до фазата на жетва.