По иницијатива на професори и средношколци од две средни училишта во Штип, УНИЛАБ лабораторијата им беше домаќин на учениците кои под менторство на професорите по предметот Хемија беа дојдени со цел да се запознаат со инфраструктурата и методологијата на работа во оваа лабораторија.
Повеќе...Земјоделскиот факултет во рамките на ЕРАЗМУС програма е домаќин на двајца студенти од Универзитетот во Пожега, Хрватска.
Повеќе...Доц. д-р Биљана Балабанова, вработена на Земјоделскиот факултет при УГД, учесник во бројни научни истражувања, е добитник на признанието „8 Ноември“ што се доделува по повод Денот на ослободувањето на Штип на личности кои во својата област дале придонес за афирмирање на градот.
Повеќе...Како и секоја година, традиционално во рамките на одбележувањето на 8 ноември се додели признанието на Општина Штип.
Повеќе...Студентите на Земјоделски факултет кои го слушаат предметот Цвеќарство во VII семестар, под менторство на проф. д-р Лилјана Колева-Гудева, реализираа теренска настава во производните пластеници во „Флорагарден Марија Блум“ во село Дабиле и во „Градина цвет“ во село Владевци, Струмичко.
Повеќе...Земјоделски факултет на 65. Научна конференција на Универзитетот по хранителни технологии во Пловдив
Претставници од Земјоделскиот факултет, во периодот од 10 до 12 октомври, учествуваа на 65. јубилејна Научна конференција во организација на Универзитетот по хранителни технологии во Пловдив.
Повеќе...