Студентите на Земјоделски факултет кои го слушаат предметот Цвеќарство во VII семестар, под менторство на проф. д-р Лилјана Колева-Гудева, реализираа теренска настава во производните пластеници во „Флорагарден Марија Блум“ во село Дабиле и во „Градина цвет“ во село Владевци, Струмичко.

На површина повеќе од 1,5 ha студентите имаа можност практично да се запознаат со современите системи за производство на саксиско сезонско цвеќе во „Градина цвет“ во Владевци, каде што годишно се произведуваат над 30 различни видови сезонско цвеќе со капацитет над милион произведени саксии цвеќе.

Во текот на зимскиот семестар во академската 2018/2019 година студентите во рамките на теренската настава по предметот Цвеќарство ќе ги посетат сите поголеми и посериозни оранжерии и пластеници за производство на цвеќе во југоисточниот регион на Република Македонија.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: elizabeta.barbareeva@ugd.edu.mk  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: ivan.josifov@ugd.edu.mk

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: zorica.gorgieva@ugd.edu.mk

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: anica.udovalieva@ugd.edu.mk