По иницијатива на професори и средношколци од две средни училишта во Штип, УНИЛАБ лабораторијата им беше домаќин на учениците кои под менторство на професорите по предметот Хемија беа дојдени со цел да се запознаат со инфраструктурата и методологијата на работа во оваа лабораторија.
Интересот на средношколците да видат со што располага лабораторијата, која методологија на работа се применува, што се испитува, беше на завидно ниво.
За да се зголеми практичната настава на учениците уште во средношколските клупи, УНИЛАБ и Земјоделскиот факултет им нудат можност за практично изведување експерименти во хемиската и микроскопската лабораторија на факултетот, под менторсто на наставничкиот кадар на Земјоделски факултет.
Љубовта кон науката, кон поставувањето на експериментите, како и кон добивање на резултати од истражувања се стекнува и негува токму од средношколски денови. Затоа треба да се одржува мостот меѓу средното и високото образование и да се зголемуваат желбата и идејата кај секој млад човек да работи и истражува во лабораториски услови.
Голем приоритет на овој Универзитет и на Земјоделскиот факултет е постоењето на научноистражувачкиот центар УНИЛАБ, кој едноставно нуди многу можности за анализа и секоја новосоздадена идеја е предизвик за нејзина реализација.