Доц. д-р Биљана Балабанова, вработена на Земјоделскиот факултет при УГД, учесник во бројни научни истражувања, е добитник на признанието „8 Ноември“ што се доделува по повод Денот на ослободувањето на Штип на личности кои во својата област дале придонес за афирмирање на градот.

Доц. д-р Биљана Балабанова е родена на 8 ноември 1982 г. во Штип. Во последните 5 години има објавено 22 научноистражувачки трудови од кои 13 труда се објавени во списанија со фактор на влијание (SCI Impact factor). Во 2014 година д-р Балабанова ја објавува и научната монографија „Геохемиски атлас на регионот на сливот на реката Брегалница“, заедно со коавторите проф. д-р Трајче Стафилов и д-р Роберт Шајн. Во овој период таа има објавено уште 2 научни монографии за познатиот германски издавач Lambert Publishing, како и 8 поглавја во научни монографии објавени од страна на американската издавачка куќа на научна литература Nova Science Publisher во Њујорк, САД, и германскиот издавач Springer Publishing Group. Во периодот 2014-2018 год. доц. д-р Биљана Балабанова има презентирано 32 научни труда на повеќе домашни и меѓународни научни конгреси, конференции и симпозиуми. Доцент д-р Балабанова е, исто така, активен учесник во научноистражувачки проекти, а од 2016 година е раководител и главен истражувач на два билатерални научноистражувачки проекти со НР Кина, финансирани од министерствата за образование и наука на Р. Македонија и НР Кина.

Како резултат на оваа успешна соработка, во јуни 2018 г. д-р Балабанова e прогласена за почесен/визитинг професор на Универзитетот за хемиски технологии во Шенјанг, НР Кина. Покрај наведените постиг¬нувања, треба да се напомене и фактот што д-р Балабанова повеќе пати е наградувана со стипендии за студиски престои од CEEPUS интернационална мобилна мрежа за професори и студенти.

Досегашната научноистражувачка активност на доц. д-р Биљана Балабанова реализирана во последните 5 години е значајна по добиените резултати и научно објаснетите ефекти од загадувањето на животната средина во регионот на Брегалничкиот слив, вклучително и на градот Штип. Таа преку детални испитувања на степенот на загадување на водите, почвите, воздухот и храната ѝ дава на пошироката научна јавност детално издржани толкувања и образложенија за состојбата и изворите на таа состојба. Од друга страна, ваквата научноистражувачка активност препознатлива и на меѓународен план овозможува и придонесува за афирмацијата на Универзитетот „Гоце Делчев” и на градот Штип од областа на науката.

Симболично, доц. д-р Балабанова оваа награда ќе ја добие на Денот на ослободувањето на Штип, но и на својот роденден.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.