Во периодот од 14 до 18 мај, Земјоделскиот факултет беше домаќин на  неколку професори дојдени на нашиот Универзитет во рамките на ЕРАЗМУС програмата.

Доц д-р Румен Базитов од Земјоделскиот институт во Стара Загора, им одржа предавања на студентите од Наставен центар Штип, на тема:

„Наводнување на земјоделските култури, неопходност, видови на наводнување, предности и недостатоци“!

Како надополнување на предавањето на Доц. Базитов, студентите имаа можност да слушнат исто една актуелна тема во областа на земјоделското производство, од страна на Prof. Annika Michelson од Hame University of Applied Asience, Finland:

„Адаптација на културите кон климатските промени, и собирање и ставање во употреба на нови автохтони сорти“.

Професорката Михелсон, своите предавања ги одржа во Наставниот центар Штип и пред студентите во Наставен центар Струмица.

На иницијатива на Проф. Михелсон, беше организирана и посета на опитниот центар на УНИ Сервис Агро во с. Амзабегово, со цел професорката да го размени своето искуство на терен со колегите од Земјоделскиот факултет, како и да се запознае со културите кои се одгледуваат кај нас, и климатските услови за нивно одгледување.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.