Во рамките на активностите организирани на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип по повод патрониот празник, на 26 март во свечената сала на Земјоделски факултет дипломираните студенти и магистри имаа можност да ги облечат свечените одори и да ја стават академската капа со која заокружуваат еден циклус на образование.
Повеќе...Во рамките на проектот „Развој на отворени образовни ресурси и модули за земјоделство и рурален развој“ финансиран од програмата Ерасмус+, во периодот од 12 до 15 март, гостин на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беше м-р Никос Пападантонакис.
Повеќе...Од 21 до 24 јануари, деканот на Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, проф д-р Љупчо Михајлов, учествуваше во работата на 52. советување на агрономи и земјоделски производители што се одржа на Златибор...
Повеќе...Земјоделскиот факултет со поддршка од Факултетот за информатика, Центарот за е-учење, активно продолжува да ја презентира онлајн апликацијата, како и мобилните апликации, направени во рамките на програмата Еразмус +, со цел да им се помогне на земјоделците во нивното производство.
Повеќе...Земјоделците ќе можат лесно да проверат какво ѓубриво и во која количина да се употреби за одредена култура доколку имаат направено агрохемиска анализа на почвата, но и да дознаат кој е најдобриот пестицид за справување со болести и штетници. Ова ќе го овозможува смарт апликацијата изработена во рамките на проектот од Еразмус програмата, чиј главен координатор е Универзитетот „Гоце Делчев“.
Повеќе...Во рамките на Еразмус програмата за наставнички кадар, доц. д-р Емилија Арсов одржа предавања на Биолошкиот факултет на Софискиот универзитет во Бугарија. Целта на посетата беше да се пренесат информации за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и да се запознаат студентите со Еразмус можностите на УГД.
Повеќе...