Од 3 до 5 јуни 2019 година, деканот проф. д-р Љупчо Михајлов, проф. д-р Душан Спасов, проф. д-р Мите Илиевски и дипл. инж. агроном Иван Донев од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип учествуваа на настанот Отворен ден на полето: „Иновации во земјоделието”, кој се одржа на Институтот за земјоделие во Карнобат, Република Бугарија.
Посетата беше искористена за размена на информации, идеи и сознанија за состојбите во Република Бугарија и во нашата држава во областа на земјоделското производство. Беше искористена можноста да се види богатиот сортимент на жита со кои располага Институтот, новите сорти на јачмен и овес, но и да се остварат значајни средби и нови познанства, при што беа разменети материјали за соработка. Треба да се истакне особено и тоа дека беа презентирани нови информации и сознанија од апликативните истражувања за нови препарати, различни дози и начини на апликација, подобрувачи на растот врз база на микроорганизми и други значајни новитети во областа на поледелското и градинарското производство.
Оваа средба дополнително ја зајакна соработката меѓу двете институции, која од година во година сѐ повеќе добива на динамика.