Земјоделскиот факултет при УГД беше домаќин на координативен состанок по билатерален проект помеѓу Р Македонија, во кој учествуваат Земјоделскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот за хемиски технологии Шенјанг – НР Кина.

- Денеска имаме координативен состанок и презентација на постигнатите научноистражувачки резултати од тековниот проект со Шенјанг, а соработката со кинески институти и универзитети веќе има своја историја, таа започна уште во 2014 година кога беше потпишан Договорот за соработка помеѓу ФМН од Штип и Универзитетот за традиционална кинеска медицина во Пекинг. Земјоделскиот факултет почна со соработката во 2014 година, со проект со главната државна еколошка лабораторија во Шенјанг, а потоа и со два други проекти каде што главен истражувач е доц. д-р Биљана Балабанова. Сите проекти кои досега се спроведени се под покровителство на нашето Министерство за образование и наука и се билатерални проекти. Токму затоа денеска се овде колегите од Шенјанг, за да видиме до каде сме со проектите, а секако и да се договориме и за нови проекти. Секако дека важно за нас е што и поддршката од Министерството за образование и наука се покажува и со присуството на Олга Дуковска, советник за наука и иновации од ова Министерство - изјави проф. д-р Љупчо Михајлов, декан на Земјоделски факултет при УГД.

Задоволство од соработката искажа и проф. д-р Липинг Фанг, декан на Информациско-техничкиот факултет во Шенјанг.

- Многу ни значи нашата добра соработка од аспект на развој на инженерство на животна средина. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи како што и започна со предлогот кој заеднички го поднесовме јас и доц. д-р Биљана Балабанова и се надевам дека ќе продолжиме во поглед на научни истражувања во областа на животната средина – изјави проф. д-р Липинг Фанг.

Олга Дуковска од Министерството за образование и наука изјави дека овој проект е еден од 13 кои се финансираат во 2018-2019 година:

- Ова е петти проектен циклус и во овој двегодишен период ќе се финансираат 13 заеднички македонско-кинески научни проекти. Министерството се надева дека наредните години ќе се интензивира оваа соработка и дека во наредниот, шести проектен циклус ќе се финансираат повеќе научни проекти кои ќе бидат од интерес за двете држави.

Носител на поголемиот дел од активностите на заедничките проекти со Универзитетот во Шенјанг е доц. д-р Биљана Балабанова, која истакна дека ова е втора координативна средба од тековниот проект.

- Првичната проектна идеја беше следење и вршење на хемиска карактеризација на различна растителна храна со цел да се утврди потенцијална токсичност на тешки метали и внес во синџирот на исхрана кај хуманата популација. Следната идеја која ја продолживме е од аспект на следење, односно утврдување и предвидување на хемометриски методи со цел следење на географското потекло на растителната храна, заради што беа тестирани примероци од растителна храна од географските подрачја на НР Кина и Р Македонија. Досега се објавени над десетина меѓународни научни публикации со значаен фактор на влијание, повеќе од 15 презентации на научноистражувачки конференции и симпозиуми и, секако, од тој аспект на развивање на научноистражувачката дејност се надевам дека оваа соработка ќе продолжи. Посебна иницијатива имаше од страна на ректорот на Универзитетот во Шенјанг, професорот Бај Веи, како и од страна на нашиот ректор, проф. д-р Блажо Боев, врз основа на што беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу двата универзитета. Со тоа се залагаме за развивање на оваа научноистражувачка дејност, со цел да можат и млади истражувачи кои се дел од Универзитетот, кои студираат на втор и трет циклус студии активно да бидат вклучени во овие проекти – изјави доц. д-р Балабанова.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.