Како и секоја година, традиционално во рамките на одбележувањето на 8 ноември се додели признанието на Општина Штип.
Меѓу другите, добитник на ова признание за особен придонес и афирмација на градот Штип во областа на науката е и доц. д-р Биљана Балабанова од Универзитетот „Гоце Делчев“.
- Посебно ми е драго што денес го примам признанието „8 Ноември“. Посебна чест ми е што доаѓа од неакадемска институција. Сето тоа говори колку нашиот град, нашата општина, ја препознава науката како еден од главните афирматори на градот. Науката не е индивидуална работа. Сите тие научни резултати се постигнати како резултат на тимска работа и институционална поддршка и се надевам дека и понатаму ќе ја одржуваме тенденцијата науката и образованието да бидат наш најголем промотор - изјави доц. д-р Биљана Балабанова.
Покрај доц. д-р Биљана Балабанова од Земјоделскиот факултет при УГД, признанија добија и сопственикот на „Кит-Го“ Кирил Гогов, актерката Јелена Јованова и новинарот Мишко Иванов.