Претставници од УНИЛАБ при Земјоделскиот факултет учествуваа на практичен и корисен семинар од областа безбедност на храна „Иновативни методи и современа аналитика“, во организација на Лабена Дооел Скопје.
На семинарот беше следена презентација на „Romer labs“ - Австрија и „CHARM“ - САД кои нудат тестови за контрола на безбедност на храната, како микотоксини, патогени во храна, алергени во храна, глутен, ГМО, остатоци од ветеринарни лекови.
Исто така, беше направена и презентација на „ФОСС“ - Данска, кој нуди инструменти за завршни аналитички решенија за прехранбената индустрија.
УНИЛАБ постојано ги следи обуките и семинарите во нашата земја и надвор од неа, со цел да оди во чекор со технологијата и новата методологија на лабораториски испитувања. Размената на искуствата, практичните презентации се одлични идеи за проширување на опсегот на испитувања во лабораторијата, а пред сѐ и до стекнување на сертификат за обученост на персоналот во УНИЛАБ.