Проф. д-р Кирил Бахчеванџиев од Политехничкиот Универзитет во Коимбра, Португалија, на ден 08 април (петок) одржа предавања за студентите на Земјоделски факултет во Наставен центар Штип, во рамките на ЕРАЗМУС програмата.
Првото предавање беше организирано во Свечената сала на Кампус 2, со почитување на мерките за заштита од Covid19. Темата на предавањето беше: „Зачувување на растителните генетските ресурси („Conservation of plant genetic resources“).
Предавање Проф. Бахчеванџиев одржа и на ден 11 април во Наставниот центар во Струмица на тема: „Управување со стакленици/пластеници“ („Greenhouse management“).
Интересот за предавањата од страна на студентите беше задоволителен, како со физичко присуство така и online преку платформата на Microsoft Teams за сите студенти од другите Наставни центри кои не можеа да бидат присутни во предавалните.
Покрај пренесување на знаење, искуство и практична работа од Португалија, проф. Бахчеванџиев на студентите им ги потенцираше и можностите преку претставување на Универзитетот и програмите кои ги нудат, за семестрален престој на Политехничкиот Универзитет во Коимбра.
Наши дипломирани инженери агрономи веќе беа дел од студентски ЕРАЗМУС семестрален престој на Политехничкиот Универзитет во Коимбра.