Студентите на студиска програма Енологија, од Наставен центар Кавадарци, во рамките на редовните наставни активности реализираа и практична настава по предметот Основи на енологија, под менторство на проф. д-р Виолета Иванова Петропулос.
Повеќе...Во чест на настанот МЛАДО ВИНО, на 21 ноември, во просториите на Земјоделски факултет во Наставен центар Кавадарци се одржа дегустација и оценување на млади вина произведени во домашни услови – семејни винарии.
Повеќе...Д-р Дарио Данојевиќ од Одделението за градинарство при Институтот за поледелство и градинарство во Нови Сад, Србија, беше гостин-предавач на студентите од четврта година и апсолвентите на насоката Градинарство на Земјоделскиот факултет во Струмица.
Повеќе...Во периодот од 22 до 24 ноември двајца студенти претставници од Земјоделски факултет, Сашо Арсов и Цветан Стојков - студенти од трета година, беа на работниот состанок кој се одржа во Бања Лука.
Повеќе...Теренската настава е реализирана со студентите на Земјоделски факултет, насока Градинарство (VII семестар) од Струмица, како дел од наставата по предметот Практична настава во градинарството под менторство на проф. д-р Фиданка Трајкова.
Повеќе...На Земјоделски факултет продолжуваат посетите и предавањата на професори од други универзитети во рамките на програмата ЕРАЗМУС. Во периодот од 28 октомври до 1 ноември од Тракискиот универзитет во Стара Загора во посета на Земјоделски факултет и производниот центар УНИ СЕРВИС агро беа доц. д-р Антонија Стојанова, гл. ас. д-р Митко Георгиев и гл. ас. д-р Елица Влкова.
Повеќе...