Со присуство на голем број земјоделски производители, научни работници, професори и земјоделци денес започна 3. Меѓународно научно советување „Агро - наука и пракса“.

- Во овие два дена целта е да ги споиме науката и праксата. Ова во реалноста постои, но таа врска мораме да ја јакнеме цело време за да можеме да имаме добро земјоделско производство. Интересот од страна на колегите од нашата држава и надвор од Македонија е на задоволително ниво. Имаме повеќе од 12 усни презентации и преку 20 постер презентации на актуелни теми од земјоделието. Благодарност и до студентите кои се дел од овој настан. Се надевам дека ги поттикнуваме да работат во насока на развој на земјоделието и науката - истакна деканката на Земјоделски факултет, проф. д-р Емилија Арсов.

На настанот присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој истакна дека и Министерството дава поддршка на вакви настани и на академската заедница која е исклучително значајна за развојот на земјоделието и за носењето на политиките.

- Во изминатите неколку месеци вторпат сум во Штип на овој факултет. Тоа говори за нашата блиска соработка и интензивната комуникација и заедничкото креирање на мерките. Нема ниту една мерка, ниту една политика која е донесена во изминатиот период без консултација на научната фела, вклучително интервентниот фонд. Секое носење одлуки на Министерството и на Владата е тестирано и поминало преку научните структури на овој факултет на факултетот во Скопје и на сите други партнери. Затоа ни се битни заклучоците и од овој Трет меѓународен симпозиум - истакна министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Настанот се одржува во два дена на Земјоделскиот факултет, а покрај научниците, компаниите во просториите на факултетот имаа свои штандови каде што студентите можеа директно да се запознаат со нивната работа.

                                                             

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.