Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, претставуван од деканката проф. д-р Емилија Арсов и предметниот професор и раководител на Лабораторијата за растителна биотехнологија, проф. д-р Лилјана Колева-Гудева, потпиша Договор за соработка со компанијата „Ирибов МК“ ДООЕЛ Виница претставувана од Елои Боон.
„Ирибов МК“ е компанија со широк спектар на лабораториски техники за компании кои одгледуваат и произведуваат растенија, со три оддели, а главна е Лабораторијата за култура на ткиво за производство и одгледување на растенија.
Договорот за соработка ќе им овозможи практична настава на студентите на прв циклус студии, истражување на студентите од втор и трет циклус студии, како и заеднички проектни апликации и научноистражувачка работа.
Среќни сме и горди што наши дипломирани студенти веќе се вработени во компанијата „Ирибов МК“.
Благодарност за компанијата за гостопримството и со официјализирање на соработката посакуваме идни заеднички успешни активности.