Во рамките на CEEPUS мрежата „BioScience, Food and Health“ реализирана е уште една успешна мобилност од страна на студентот Александар Пиперевски, студент на втор циклус студии на студиската програма Енологија под менторство на проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос.
Мобилноста во времетраење од една недела (во периодот од 9 до 16 март) беше остварена на Универзитетот за природни ресурси и животни науки – BOKU Виена, Австрија. Во текот на престојот Александар имаше можност да се запознае со работата на лабораториите на Универзитетот, како и со методите на гасна хроматографија GC-MS за анализа на испарливи компоненти во виното.