Главна цел на вмрежување на научните работници во рамки на COST Акцијата: CA21124 - LIFT: Lifting farm animal lives – laying the foundations for positive animal welfare, ќе биде да се дефинира и концепциски постави пристапот кон позитивната благосостојба на фармерските животни, да се идентификува валидна методологија за проценка на позитивната благосостојба на животните и да се дефинираат индикаторите за добра благосостојбата на животните одгледувани во фармерски услови.
Вториот состанок на Управниот одбор на COST Акцијата: CA21124 - LIFT: Lifting farm animal lives – laying the foundations for positive animal welfare се одржа на 10 март 2023 година во Вагенинген, Холандија. На состанокот беа донесени одлуки за организирање на активностите во рамки на Акцијата и претставени идните планови за реализација на поставените цели.
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип преку Земјоделски факултет и учеството на проф. д-р Димитар Наков активно се вклучи во Акцијата и работата на третата работна група која има за цел да ги дефинира индикаторите за добра благосостојба на животните одгледувани во фармерски услови и да ги постави основите на протоколите за проценка на добрата благосостојба на фармерските животни.