На 22 и 23 февруари, студентите од трета година, насока Растителна биотехнологија, и четврта година, насока Градинарство, реализираа посета на компанијата Агроуник во Р. Србија.
Агроуник е компанија која е основана во 2002 година, која се занимава со истражување во областа на биотехнологија, производство, дистрибуција и продажба на микробиолошки препарати. Оваа компанија производството го започнала врз основа на истражувањата на проф. д-р Снежана Џорџевиќ, која е основач и двигател на компанијата, заедно со своите два сина. Компанијата се наоѓа на 5000 м2 каде што се сместени лабораториите за научноистражувачка работа, производните капацитети, магацинскиот и административно-деловниот простор. Целта беше студентите да се запознаат како се поврзува научноистражувачката работа со земјоделството и стопанството. Посетата се реализира благодарение на прекрасните домаќини, г. Антонио Карамитров, менаџер на Агроуник за Македонија, и под менторство на проф. д-р Даниела Тодевска и проф. д-р Фиданка Илиева