Земјоделски факултет нa Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип има потреба да ангажира едно лице експерт од областа на земјоделското производство и едно лице лаборант со искуство за лабораториска работа во областа на хемија на земјиште и растителна биохемија, како соработници во реализирањето на проектот „CARBONICA (101087233), CARBON INITIATIVE FOR CLIMATE-RESILIENT AGRICULTURE“. Проектот е финансиран од програмата HORIZON-CSA (HORIZON-WIDERA-2022-ACCESS-04-01) и ќе трае до 31.12.2026 година.
1. За проектот
Климатските промени се едни од најголемите глобални проблеми и предизвици на денешницата, кои се особено поврзани со зголемената концентрација на стакленичките гасови во атмосферата. Земјоделството како стопанска активност претставува значаен извор на стакленички гасови. Земјоделските почви имаат улога на извори и складишта чиишто емисии на стакленички гасови природно зависат од биотски и абиотски фактори, како и од антропогеното влијание (начинот на управување со земјоделските почви). Една од основните цели на проектот е да се проучат и препорачаат начини и техники на производство кои придонесуваат за намалување на емисијата на стакленички гасови во земјоделството.
2. Позиции и опсег на работа
- Експерт од областа на земјоделското производство: се обврзува да работи теренска работа, која вклучува избор и координација со производителите на терен, контрола и евиденција на технологијата на производство, земање на примероци од терен за лабораториски анализи, обезбедување на резултати од мерења поврзани со приносот и технологијата на производство, редовно пополнување на документација согласно со барањата на проектот.
- Лаборант: се обврзува да работи општа лабораториска работа, која вклучува редовно одржување на материјалите, опремата и работните простории, подготовка на примероци за анализа, редовно пополнување на документација согласно со барањата на проектот, системот за квалитет и лабораториската пракса.
3. Начин на пријавување и селекција
Заинтересираните кандидати/ки треба да достават работна биографија (CV) и сертификати преку е-пошта, кои ги истакнуваат нивните вештини за позицијата за која се пријавуваат, најдоцна дo 20.4.2023 година на е-адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Насловот на пораката треба да биде во следниот формат:
Позиција за која се аплицира – Име и презиме.
Само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите за избор ќе бидат повикани на разговор. Добиените документи за доказ за соодветност за избор нема да се враќаат.
Лице за контакт:
Проф. д-р Верица Илиева, координатор на проект – verica.ilievaОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; тел. 032 550 623.