Под менторство на Проф. д-р Фиданка Трајкова, студентите од сите четири години на Земјоделскиот факултет во Наставен центар Струмица изведуваа практична настава во пролетните и летните месеци во 2021 година.
Во текот на практичната настава студентите ги извршија сите потребни задачи за подготовка на оранжеријата во Наставниот центар за нејзино понатамошно користење и производство. Студентите активно учестуваа во подготовка на смеска за производство на расад од различни градинарски култури и ускрасни растенија, сеење на семето во различен тип на контењери, пикирање на расадот и негово расадување на постојано место.
Во текот на практичната работа студентите беа обучени за подготовка на компост од домашен органски отпад.