Во рамките на ЕРАЗМУС договорот за соработка помеѓу Земјоделскиот факултет и Хемиското училиште во Пардубице, Република Чешка, продолжува изборот на УНИЛАБ лабораторијата за пракса на студентите. Група од четворица студенти ќе бидат на пракса во лабораторијата, во периодот од март до јуни оваа година.
Благодарение на тимот и одличната соработка на вработените во УНИЛАБ, студентите ќе изведуваат практична лабораториска работа, но воедно и директно ќе бидат ангажирани во изведување на лабораториски анализи во УНИЛАБ лабораторија. Во понатамошниот тек од престојот, студентите ќе имаат комбинирано и теренска настава и посета на винарии.
Ова е четврта група на студенти кои доаѓаат на практична настава во УНИЛАБ лабораторијата, на долг студиски престој (три месеци).
Нашата соработка ќе продолжи и понатаму, и ќе подржуваме и бидеме отворена лабораторија за кратки мобилности (две недели) и долги студиски престои (три месеци).