Група од седум студенти од Хемиското училиште во Пардубице, Република Чешка се на практична настава во УНИЛАБ лабораторијата при Земјоделскиот факултет, во рамките на ЕРАЗМУС договорот за соработка.
Под менторство на Проф. д-р Емилија Арсов, студентите ќе изведуваат практична лабораториска работа во УНИЛАБ лабораторијата и во ИМАКО винаријата, во периодот од 06 до 17 септември.
Праксата и искуството кое го имаат стекнато студентите во Чешка, им овозможува да бидат вклучени директно во лабораториските анализи, како во УНИЛАБ така и во лабораторијата во ИМАКО, се разбира под соодветен надзор од вработените.
Ова е трета група на студенти кои доаѓаат на практична настава во УНИЛАБ, и се надеваме дека условите и можностите ќе дозволат и понатаму УНИЛАБ лабораторијата при Земјоделскиот факултет да биде избор на наши и странски студенти за практична лабораториска работа или изведување на дел од научно истражувачките активности во рамките на магистерски или докторски студии.