Земјоделски факултет
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
го објавува ВТОРОТО СООПШТЕНИЕ за учество на
II МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО-СТРУЧНО СОВЕТУВАЊЕ
АГРО-НАУКА И ПРАКСА (АНП 2019)
12 април 2019
Штип, Република Македонија
Во изминатите единаест години образовните, научно-истражувачките и апликативните активности на Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип, дадоа голем придонес за развој на земјоделскиот сектор во Република Македонија и поширокиот регион.
Земјоделскиот факултет го организира II Mеѓународно научно-стручно советување Агро-наука и пракса (АНП 2019), давајќи им можност на учесниците да презентираат и дискутираат оригинални научни и практични резултати во различни полиња на земјоделството.
II Меѓународно научно-стручно советување Агро-наука и пракса (АНП 2019) е организирано со намера да ги обедини сите релевантни фактори од земјоделскиот сектор за споделување на нивното знаење, искуство и проблеми. Една од главните цели е да се направи мост и да се овозможи силна комуникација помеѓу научно-истражувачката и практичната работа во земјоделскиот сектор, како во нашата земјата, така и пошироко, со што ќе се добие меѓународна димензија.
Главна цел на Советувањето е да се поврзат и промовираат научните достигнувања и практичните знаења во дадените тематски области.
Со голема чест и задоволство Ве покануваме активно да учестувате во Советувањето.
За преземање: