
Име и презиме: Елена Богева
Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет – модул Енологија.
Тековна професија: Енолог и консултант.
Место на вработување: „Винар консалтинг“ - Кавадарци.
Животно мото: Теоријата е слепа без пракса, а праксата е саката без теорија.
Позиција на која работам денес: Косопственик.
Мојот рецепт за успех се состои од: Знаењето е вредност што не се губи, знаењето во нашата област е секојдневно истражување, секоја нова винска берба е ново откритие, секоја засебна. Упорноста и постојаното надградување е можност за поголем успех и повисоки цели.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Кога теоријата и праксата ќе ги соединиш се постигнува успех, а тој е загарантиран ако ти се надградуваш.
Со УГД се дружев: На втор циклус студии три прекрасни години, во кои запознав искрени професори, постојано достапни и несебични за помош, насоки, совети. Тоа ми беше и поголем мотив да продолжам и на трет циклус студии.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Лозарството и винарството се нашето опкружување, растеме и живееме со нив. Виното е моето секојдневие. Енологијата ми даде можност за посети на саеми, семинари, конференции, екскурзии и постојано да се надградувам и откривам нешто ново, да научам повеќе, а најмногу од сѐ стекнуваш многу нови пријателства.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Достапна литература за секој предмет, е-библиотека и можност за пребарување на литература. Комплетна дигитализација и можност за сите плаќања, заверки итн., брза и беспрекорна комуникација со професорите.
Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:
Преку мобилните програми на CEEPUS во посета и работа во лабораториите на Универзитетот Боку во Виена, два престоја на Биотехничкиот факултет во Љубљана, Југоисточен универзитет „Неофит Рилски“ – Благоевград, Биотехнички факултет – Подгорица, како и летни школи на: Semmelweis University – Будимпешта, Charles University – Прага, Neofit Rilski South-West University – Благоевград.
Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Можноста за соработка со врвни професори научници со многу трудови зад нив, соработка и истражувања, пишувања научни трудови, моите практични идеи да ги ставам на хартија. Можноста за престој на други универзитети беше големо искуство за мене.
Совет за младите како идни студенти: Инвестирајте во себе, учете, дружете се и надградувајте се секој ден. Знаењето е ваше, тоа никој не може да ви го одземе, затоа учете и напредувајте со УГД ќе станете вистински професионалци. Вие сте на потег, вие сте иднината.