Име и презиме: Елена Андонова
Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, Универзитетска студиска програма Биологија.
Тековна професија: Наставник по биологија и природни науки.
Место на вработување: ООУ „Јосип Броз Тито“ – Валандово.
Животно мото: „Трпението и упорноста создаваат успех“.
Позиција на која работам денес: Наставник по биологија и природни науки.
Мојот рецепт за успех се состои од: Постојана љубопитност, добра организација на времето, упорност во совладување на нови знаења и верба во себе, затоа што се е возможно ако веруваш и храбро и неуморно чекориш по патот до успехот.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Моментите кога се соочував со непознатото. Имаше моменти на сомнеж, кога некои концепти ми изгледаа премногу сложени. Сепак, токму тие моменти ме научија на трпение, истрајност и креативност. Верував дека со секој мал чекор сум поблиску до целта и тоа ми даваше дополнителна мотивација. Научив дека успехот не е само крајната дестинација, туку и патувањето полно со вредни искуства.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Отсекогаш сум имала љубов кон природните науки, сакав да го истражувам светот на живите организми и да стекнам знаења кои ќе ми овозможат придонес кон науката и општеството. Изборот на факултет не е само место за стекнување на диплома! Изборот на факултет е место за стекнување на титула со која гордо ќе чекорите на вашиот пат до успехот.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Дигитализацијата на целиот систем и начин на работа, достапноста и комуникацијата со професорите во кое било време и здобивање со нови и корисни знаења како во теоретска така и во практична настава.
Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Мотивацијата и стручните совети на професорите во кое било време, нивната достапност за несебично пренесување на знаење, знаење кое денес јас го применувам со моите ученици и со гордост кажувам дека бев дел од едно големо семејство на УГД, семејство кое ми овозможи да пораснам и да ја зголемам љубовта кон природните науки на највисоко ниво.
Совет за младите како идни студенти: Науката е како приказна во која вие како млади научници сте главните ликови. Секое истражување е нова патека кон знаење и успех. Фантазирајте за вашите идеи, поставувајте прашања, бидете искрени во вашиот интерес кон светот на знаењето и направете магија. Затоа што науката е магија, еден волшебен свет полн со чуда. Откријте го чудото во вас, отклучете ги вратите кон светот на знаењето и оставете своја трага на патот кон успехот.