Име и презиме: Надица Бајрактарова

Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, Биологија – прв циклус, Безбедност на храна – втор циклус

Тековна професија: Дипломиран биолог

Место на вработување: Училиште во Општина Струмица

Животно мото:

Секој ден е нова прилика да се направи еден чекор напред.

Позиција на која работам денес: 

Наставник по биологија и природни науки

Мојот рецепт за успех се состои од:

Цврста дисциплина, континуирано учење и добра организација. Кога ќе го комбинирате тоа со љубовта кон науката, успехот е загарантиран.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа:

Еден од најголемите предизвици беше раниот период на студиите кога требаше да се навикнам на новото темпо и да ги балансирам академските обврски со личните и социјалните аспекти. Но, со време научив како да се организирам подобро.

Со УГД се дружев: 

Со УГД се дружев четири убави години, а сега продолжувам и петта година по ред како студент на втор циклус студии.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:

Отсекогаш ме фасцинираше животот и сите негови аспекти. Биологијата ми понуди можност да ги истражувам природните процеси на живите организми и да ги разберам темелните механизми што ја одржуваат природата во баланс.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:

Една од најголемите предности на студиите на УГД е користењето на современите електронски платформи, кои го олеснуваат процесот на учење и комуникација со професорите. Важно е тоа што потребата од хартиени документи е минимална, што ја прави организацијата на студиите многу поефикасна и современа. Овие дигитални алатки ми овозможија да имам пристап до материјали и ресурси кога и да ми се потребни, што ми го олесни учењето и го зголеми моето време за концентрација на самата содржина. Секако, морам да ја напоменам и комуникацијата со професорите, кога имаш некој што постојано ти стои на располагање, сѐ друго е многу полесно.

Практиката на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:

Лабораторија за растителна биотехнологија во Наставен центар – Струмица при Земјоделскиот факултет, УНИЛАБ – лабораторија при Земјоделскиот факултет, МИК – Свети Николе.

Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: 

Електронските платформи на УГД и одличната комуникација со професорите играа клучна улога во мојот академски развој. Платформите овозможуваат лесен и брз пристап до учебни материјали, задачи и објави, што значително ја подобрува организацијата и учењето. Професорите секогаш се достапни и подготвени да помогнат, што ми овозможи да добијам јасни насоки и поддршка во секој момент. Оваа активна комуникација и поддршката ми помогнаа да ги развијам своите вештини и да се подготвам за успешна кариера.

Совет за младите како идни студенти:

Бидете упорни и не плашете се да поставувате прашања! Студирањето е процес на откривање, па искористете го максимално за да се развивате како личности и да научите не само од книгите, туку и од искуствата што ги стекнувате.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.