Име и презиме:  Марина Санева

Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет – Заштита на растенија -Фитомедицина

Тековна професија: Дипломиран инженер агроном – заштитар

Место на вработување: „Бистрен“ ДООЕЛ с. Љуботен, Штип

Животно мото: Секој може да се откаже. Но, не може секој да издржи и да се бори.

Позиција на која работам денес: Агроном – заштитар

Мојот рецепт за успех се состои од: Читајте, многу читајте, едуцирајте се на секое поле! Знаењето е моќ, трпението е сила кон којашто секојдневно тежнеам. Кога плодот од сопствената напорната работа ќе се преточи во успех, тогаш ќе кажам дека сум ја остворила својата цел. Денес и утре трпеливо ќе чекорам по патот на остворување на целта за која еден ден, се надевам, дека ќе можам да ја пренесам на некои идни генерации како мотивација.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Што е успех?

Малку е покомплексно и има исклучителна тежина овој збор. Успехот е и победа. Сум имала повеќе победи во секој сегмент од животот, но сум имала и порази.

Успех за мене е да изградиш став и да се држиш до него без разлика на сѐ.

Предизвик за мене е во ова секојдневие да бидеш успешен во она што си зацртал како цел.

Без предизвици нема успех, тоа е и некако поврзано, па ќе бидам благодарна ако ги имам повеќе во животот.

Со УГД се дружев:  Четири години

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:

Сакам предизвици. Сакам сѐ што е поврзано со животот и природата. Сакам сѐ што е комплексно.

Сѐ помалку жени го одбираат овој факултет и насока, а сметам дека осознавањето на природата на животот на сѐ она што значи живот, не може да биде наклонето само кон мажите, овде сме и ние жените да го продлабочиме овој вид наука.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:

Добрата практика, современиот начин на пренесување знаење, достапност на целиот персонал вработен во овој Универзитет. УГД не е обичен универзитет, тој е едно големо семејство коешто Ви стои на располагање и по завршувањето на Вашите студии.

Практиката на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:

 „УНИЛАБ“ која е дел од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и која е специјализирана и акредитирана лабораторија со најсовремена опрема и кадар.

Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: 

Професорскиот кадар, од прв до последен, кој неизмерно се трудеше секој еден од нас да нѐ усмери и да нѐ издигне на ниво – успешен, млад, мотивиран, трудољубив академски граѓанин, спремен високо да котира на пазарот на трудот.  Неизмерна е благодарноста кон овие професори кои денес нѐ поддржуваат и кои гордо можат да се пофалат и да кажат „е ова се нашите студенти“.

Совет за младите како идни студенти:

Одберете студиска програма во која ќе бидете мотивирани да истражувате, да се докажувате.

Искористете ја својата младост и енергија да се изградите како личност низ процесот како студент за еден ден да Ве видат од другата страна, како најголем експерт и професионалец од Вашата сакана професија.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.