Име и презиме: Дарио Здравев

Факултет и студиска насока:   Дипл. земј. инж. агроном – Енолог, Земјоделски факултет

Тековна професија: Агроном инженер

Место на вработување:  Винарија Шато Сопот – Велес

Животно мото: Моќта е во знаењето.

Позиција на која работам денес: 

Агроном во Винарија Шато Сопот – Велес. Нашите лозови насади се простираат на површина од 1000 декари.

Мојот рецепт за успех се состои од:

Трпеливост, мотивација и љубов кон професијата во комбинација со самодовербата, се патоказ на мојот пат до успехот.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа:

Како млад агроном, според мене, најголем предизвик е стекнувањето искуство. Со учењето од сопствените грешки, стануваш подобар, а со тоа и поискусен во работата. Својот став и погледот кон професијата го градиш од искуството, бидејќи теоријата секогаш треба да биде практично применлива за да има резултати и успеси од студирањето.

Со УГД се дружев: 

Со УГД се дружев 4 години. Да студираш на УГД навистина е голема привилегија. Тимот од професори при Земјоделскиот факултет даваат сѐ од себе студентите да ги насочат на вистинскиот пат. Нивната посветеност и несебичност да го пренесуваат своето знаење на студентите, вродува со плод

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:

Мојот татко е агроном, па од него ја наследив љубовта кон оваа професија. Македонија има одлична клима за одгледување на винова лоза, со големи површини под лозови насади. Наша задача како млади агрономи е оваа: Наследство да го чуваме, негуваме и обработуваме. Да создаваме плод од кој ќе се произведува врвно вино!

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:

Можноста да учиш од професионалци!

Практиката на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:

Мат-Реклам Агро – Велес,  Винарија Езимит – Штип

Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: 

Најмногу ми помогнаа професорите, нивната посветеност, стручните совети, теоретската настава во комбинација со наставата на терен.

Совет за младите како идни студенти:

Учете од најдобрите, чекорејќи по нивниот пат, успехот ќе Ви биде загарантиран!

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.