Животно мото:
Моето мото е: „Никогаш не се предавај, бидејќи секоја пречка е нова можност“.
Позиција на којашто работам денес:
Во моментот работам како агроном-советник во „Агроконсалтинг плус“ ДООЕЛ Зрновци.
Мојот рецепт за успех се состои од:
Трудољубивост, упорност и постојано учење нови вештини. Важно е да се има јасна визија и да се работи кон остварување на целите.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа:
Најголемите предизвици беа балансирањето меѓу теоријата и практиката, како и адаптирањето на новите технологии во земјоделството.
Со УГД се дружев:
Со УГД се дружев 4 години во кои стекнав многу добри пријателства со колеги и професори, кои ми помогнаа во текот на студиите и ме мотивираа да напредувам.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што:
Земјоделството е основата на животот, а фитомедицината ќе ми овозможува да ги заштитувам растенијата и да придонесам за здрави култури и здрава животна средина.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:
Праксата која беше составен дел од студиите, како и достапноста на професорите и нивната поддршка.
Праксата на УГД како составен дел од студиите ја остварив во:
Праксата ја остварив во Земјоделска аптека „Аграр БМФ“ и Фабрика за ориз „БМФ”, Расадник за цвеќе и градинарски култури „Blumenland Engler” – Лајпциг, Германија.
Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна:
Комбинацијата од практичното искуство и академските знаења кои ми овозможија да се истакнам во професионалниот свет.
Совет за младите како идни студенти:
Бидете упорни и љубопитни. Искуствата што ќе ги стекнете за време на студиите ќе ве обликуваат како професионалци и личности.