Име и презиме: Мери Мастева

Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, Растителна биотехнолигија

Тековна професија: Дипломиран инженер по растителна биотехнологија 

Животно мото: Среќата ги прати храбрите!

Мојот рецепт за успех се состои од: Со труд, љубов и дисциплина на патот кон успехот. Само така ќе ја постигнеме посакуваната цел!

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа:

Како предизвик дефинитивно би ја издвоила ковид-19 пандемијата која почна со моето запишување во прва година на факултет. За жал, немавме можност лично да се запознаеме со колегите и професорите бидејќи целата настава беше онлајн. За среќа, пандемијата заврши и факултетските активности ги продолживме со физичко присуство кои за мене беа многу поубави и поинтересни од онлајн наставата.

Со УГД се дружев: 

Четири студиски години во кои стекнав многу знаење и пријателства кои остануваат засекогаш.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:

Сметам дека Македонија има многу плодни земјоделски површини за кои за да бидат рационално искористени е потребен стручен кадар, како нас инженери агрономи.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:

Пред сѐ дигитализацијата на целиот систем кој функционира совршено и е голема помош за нас студентите, како и достапноста на професорите кои секогаш се отворени за соработка со нас студентите.

Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: 

Уни сервис – Штип, Лабораторија за растителна биотехнологија во Наставен центар Струмица при Земјоделски факултет и Земјоделска аптека „Агропродукт“ – Струмица.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: 

Стекнатите знаења и искуства во текот на моето студирање, како и знаењето и советите од професорите кои секојдневно ги споделуваа со нас.

Совет за младите како идни студенти:

Бидете упорни и чекорете храбро кон целта и предизвиците кои ќе ви излезат на патот кон успехот, на крајот трудот секогаш ќе се исплати!

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.