Име и презиме: Кристина Митревска

Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, Растителна биотехнологија

Тековна професија: Дипломиран инженер по растителна биотехнологија

Место на вработување:  ОУРЦ „Св. Климент Охридски“ – Ново Село

Животно мото: Успехот се остварува на патот кон врвот, а не на самиот врв.

Позиција на која работам денес:  Наставник во ОУРЦ „Св. Климент Охридски“ – Ново Село

Мојот рецепт за успех се состои од:  работа, посветеност и интерес за истражување на живиот свет.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа:

Животот ни носи предизвици секој ден, без разлика дали сме свесни за нив или не. Успехот, кој многу често го замислуваме како лесно остварлива цел, всушност, е резултат на долг и сложен процес полн со пресврти и неочекувани пречки. За мене најголем предизвик беше да си го пронајдам местото кое најмногу ме исполнува и работна средина која постојано ме мотивира да напредувам во својата работа.

Со УГД се дружев:  4 студиски години.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:

Природните науки отсекогаш најмногу го привлекувале моето внимание. Земјоделството како природна и жива наука ќе постои сѐ додека постои и човекот. Благодарение на насоката која ја избрав, се запознав со сите алатки и техники на биотехнологијата, вклучувајќи ги и оние од рекомбинираната ДНК-технологија со кои се модифицираат живите организми кои можат да бидат растенија, животни или микроорганизми, како и методите кои можат да придонесуваат за добивање растенија и добиток отпорни на вируси, за дијагностицирање и откривање на генетски заболувања итн.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:

Дигитализацијата на целиот систем и начинот на работа, достапноста и комуникацијата со професорите во кое било време, здобивање нови и корисни знаења како во теоретска така и во практична настава, давање акцент и посвета повеќе кон праксата, како и избор на многу места каде истата може да се извршува. Понатаму, одржување на бројни конференции, наставно-научни совети, натпревари и разни проекти на коишто студентите имаат можност да учествуваат, а со тоа и да го збогатат своето знаење и ширење познанства со луѓе, професионалци во различни фели, како во рамките на нашата држава, така и пошироко.

Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:

Уни сервис – агро при Земјоделски факултет – Штип, УНИЛАБ лабораторија при Земјоделски факултет – Штип и Лабораторија за растителна биотехнологија при УГД во Наставен центар – Струмица.

Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: 

Целиот електронски систем што го нуди УГД со кој нема чекање редици по шалтери и тимот на професори кои секогаш се достапни и се на располагање на студентите.

Совет за младите како идни студенти:

Несебично вложувајте во себеси, искористете ја секоја можност која ви се нуди и извлечете го најдоброто од неа. Останете фокусирани. Секогаш ставајте се себеси на прво место и правете го она што е најдобро за вас. Дефинитивно бидете сериозни за тоа каква сакате да биде вашата иднина. Не плашете се да поставувате прашања. Научете да прифаќате промени.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.