Име и презиме: Софче Делева

Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, Фитомедицина

Тековна професија: Дипломиран инженер агроном – заштитар

Место на вработување: ДПУТ „ЕКО ПОДГОР“  Мокрино и ООУ „Мануш Турновски“ – Ново Село.

Животно мото: Преку трње до ѕвезди.

Секој успех бара вложен труд, посветеност и напорна работа. Ништо не е невозможно, а успехот е неминовен само ако сакаш да го постигнеш.

Позиција на која работам денес: Земјоделски инженер – заштитар во ДПУТ „ЕКО ПОДГОР“  – Мокрино и психолог во ООУ „Мануш Турновски“ – Ново Село.

Мојот рецепт за успех се состои од:

Поставена цел и добра стратегија за реализација на таа цел; Стабилност, добра организација и тим; Секоја работа од којашто очекуваме добар „плод“ бара успешно менаџирање, посветеност и човечност – чување и негување на вистинските човечки вредности.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа:

Ќе го споменам како предизвик, иако тој предизвик воедно беше и мојот најголем поттик да успеам. Како мајка на три деца, воопшто не беше лесно да го организирам времето и да се посветам на студиите – во моите секојдневни студентски обврски беа вклучени и моите деца. Со огромна поддршка и помош од семејството успеав да бидам и мајка и студент на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Со УГД се дружев: Четири студиски години исполнети со стекнато знаење, познанства,  убави спомени и позитивна енергија што ден-денес се рефлектира во мојата работа.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:

Првиот поттик за изучување на земјоделството е семејниот бизнис во областа на земјоделието. Животот во суштина доаѓа од земјата – од плодовите на земјата, значи за здрав живот пред сè потребна е здрава земја, што е мото на нашата работа во производство и воопшто во работа со земјоделството. Ваквото размислување ме натера да сакам темелно да ја изучам фитомедицината: да знам да идентификувам штетници и болести на земјоделските култури, да бидам компетентна да спроведувам мерки за заштита на земјоделските култури и да бидам дел од целокупното заштитување на природата. Во земја во која има толку плодна почва, потребен е стручен кадар од овој профил на образование. Тоа беше моја мотивација за завршување на студиите и повик за идните генерации студенти.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:

Дигитализацијата на целиот систем која значително го олеснува студирањето (особено во услови како моите), достапноста и комуникацијата со професорите, стекнување  знаења како во теоретска така и во практична настава.

Вклучување на студентите во проекти, совети и конференции кои ни помогнаа да го збогатиме знаењето и да се запознаеме со професионалци од нашата област кои беа пример и поттик да се трудиме за да ја реализираме нашата цел.

Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:

ДПУТ „ЕКО ПОДГОР“  Мокрино.

Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: 

Постојаната комуникација и несебичното споделување на знаењата од страна на целиот колектив на УГД. Исто така огромна предност е специјализираната и акредитирана лабораторија „УНИЛАБ“ која е дел од Универзитетот „Гоце Делчев“, каде што имавме можност да работиме со стручен специјализиран тим.

Совет за младите како идни студенти:

Изберете го тоа што навистина го сакате. За да бидете успешни, треба да бидете задоволни од својот избор; само задоволството од сопствената работа нè прави неуморни за вложување во таа работа. Секој пат е полн со предизвици и пречки, но нека токму тие бидат ваш уште поголем поттик да успеете. Секогаш можете повеќе, отворете ги широко видиците кон светот и кон работата, успехот не значи само стекната диплома и функција, туку нивно успешно користење. Сите сакаме светот да биде мирно, чисто и здраво место за живеење, бидете промената што му е потребна на светот.

Секретар/Технички секретар

Елизабета Д. Барбареева
Тел: +389 32 550 600
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Адреса: ул. „Гоце Делчев“ бр. 89
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија



Студентски прашања

Штип/Прилеп - Иван Јосифов 

Тел: +389 32 550 071

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кавадарци - Зорица Горгиева

Тел: +389 32 550 253

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.